Десетмина скопјани лани заработиле 15 милиони евра

Bez autora
Oct 18 2012

Најбогатиот Македонец е скопјанец, кој лани заработил фантастични 2,5 милиона евра или 100.000 евра повеќе од најбогатиот стружанец, кој во 2010 година пријавил годишен бруто-приход од 2,4 милиона евра. Тој е на врвот од пирамидата од десет најголеми заработувачи, сите од Скопје, кои лани пријавиле највисок годишен бруто-приход. Десеттемина лани тежеле над 15 милиони евра. Според ранг-листата, првите четворица граѓани поединечно пријавиле годишни приходи од над 1,6 милион евра. Управата за јавни приходи вчера ги објави податоците за македонските милионери, кои во 2011 година, и покрај глобалната криза, добро заработувале. Највисока бруто-плата лани примал скопски менаџер во фармацевтската индустрија, кој во Годишната даночна пријава пријавил 1,1 милион евра, односно месечно заработувал фантастични 92.000 евра.

Десетмина скопјани лани заработиле 15 милиони евраНајбогатиот Македонец е скопјанец, кој лани заработил фантастични 2,5 милиона евра или 100.000 евра повеќе од најбогатиот стружанец, кој во 2010 година пријавил годишен бруто-приход од 2,4 милиона евра. Тој е на врвот од пирамидата од десет најголеми заработувачи, сите од Скопје, кои лани пријавиле највисок годишен бруто-приход.

Десеттемина лани тежеле над 15 милиони евра. Според ранг-листата, првите четворица граѓани поединечно пријавиле годишни приходи од над 1,6 милион евра.

Управата за јавни приходи вчера ги објави податоците за македонските милионери, кои во 2011 година, и покрај глобалната криза, добро заработувале.

Највисока бруто-плата лани примал скопски менаџер во фармацевтската индустрија, кој во Годишната даночна пријава пријавил 1,1 милион евра, односно месечно заработувал фантастични 92.000 евра. Најбогатиот пензионер е скопјанец на чија трансакциска сметка од пензија месечно му легнувале по 4.200 евра или само од пензија лани заработил 50.262 евра. Друг пензионер од Скопје, освен пензијата, лани по други основи „вонредно“ заработил вкупно 1,1 милион евра. Добро поминал и скопјанец, кој од повремено вршење услуги лани кеширал фантастични 2,27 милиона евра. Најголема „среќа“ имал жител на Битола, кој освен највисок приход од игри на среќа и наградни игри во 2011 година има и најголема пријавена добивка по оваа основа досега - околу 346.000 евра.

Податоците на УЈП покажуваат дека лани најмногу се офајдиле скопјани, а на граѓаните од другите градови во земјава за разлика од претходните години им одело полошо.

Даночниците констатираа дека даночната свест кај македонските граѓани од година во година се зголемува. Лани 205 илјади граѓани оствариле приход надвор од редовниот. Доброволно поднеле годишна даночна пријава 174.030 граѓани, што е за 8,57 отсто повеќе отколку во претходната година. Најголем број од доброволно поднесените годишни даночни пријави се поднесени на подрачјето на Регионалната дирекција Скопје - 84.754, потоа во Штип - 24.342, Битола - 25.228, Kавадарци - 17.923 и во Тетово - 11.783 годишни даночни пријави.

- Врз основа на податоците добиени од годишните даночни пријави за 2011 година, од 10-те прворангирани највисоки годишни бруто-плати, три се остварени од трговија или од производство на фармацевтски производи и препарати. Покрај банкарскиот сектор и телекомуникациите, кои редовно се сектори со највисоки бруто-плати, прв пат се појавуваат и инженерството и месната индустрија. Највисокото „дополнително примање и надоместок од работен однос“ изнесува 930.000 евра или 57,7 милиони денари и повторно е исплатено во Скопје - велат во УЈП.

Според УЈП, капиталната добивка во 2011 години не им донела толку високи приходи на граѓаните како во изминатите години. Највисоката пријавена капитална добивка е 650.000 евра (39,9 милиони денари), која може да биде од продажба на хартии од вредност, учество во капитал и недвижен имот. За 2010 година изнесуваше дури 2,3 милиона евра. Високи позиции на оваа листа, освен скопјани, заземаат штипјани и битолчани.

Директорот на УЈП, Горан Трајковски, потенцира дека утврдиле оти 33.868 граѓани имале обврска да пријават 7.430.128.269 денари бруто-приходи и данок од 445.727.968 денари, но тоа не го направиле.

- Од овие 33.868 граѓани, 9.000 лица имаат обврска за доплата на персонален данок. Против овие лица ќе бидат поднесени прекршочни пријави, а глобата за прекршокот е од 500 до 1.000 евра. Ова ќе биде првпат УЈП да поднесе прекршочни пријави, досега во вакви случаи граѓаните биле опоменувани, а сега ќе бидат поднесени прекршочни пријави бидејќи станува збор за лица што со години остваруваат приходи надвор од редовните, а не поднесуваат годишни даночни пријави. Примарната цел не ни е да кажуваме, туку да ја зголемиме даночната свест - истакна Трајковски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik